Како Алаба го замолкнуваше Арнаутовиќ… Но, залудно! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Букурешт,

Роберт Спасовски (ФОТО)

Марко Арнаутовиќ е пред казна од УЕФА поради контроверзниот испад при постигнувањето на голот за победа од 3-1 на Австрија против Македонија и пцовките упатени кон Езгијан Алиоски.

Капитенот на Австријците, Давид Алаба го забележа некоректниот однос од страна на Арнаутовиќ, па веднаш се впушти во „акција“ за замолкнување на соиграчот. Но, се чини, сето тоа залудно откако пцовките беа очигледни и на официјалните видео-снимки на УЕФА.

Како и да е, остануваат фотографиите и низ објективот на ЕКИПА како сведоштво за обидот на Алаба да го замолкне Арнаутовиќ.

 

Се вчитува...