Како Бејл слави пласман на ЕП…„Велс. Голф. Мадрид. По тој редослед“

Раководството и фановите на Реал Мадрид ќе збеснат по прославата на фудбалската репрезентација на Велс која успеа да се пласира на ЕВРО 2020. Првата ѕвезда Герет Бејл заедно со соиграчите пласманот го прослави на скандалозен начин. Со широка насмевка истакна банер со порака „Велс. Голф. Мадрид. По тој редослед“.

Ова сигурно ќе биде и конечна “пресметка” со раководството на Реал Мадрид и со тренерот Зинедин Зидан, кој упорно не му даваше минутажа во изминатиот период, а изјави дека и Герет Бејл и Хамес Родригез не се повредени, туку се едноставно “недостапни” за тимот. За очекување е Бејл да замине од „Сантијаго Бернабеу“ веќе во зимскиот преоден рок.

Се вчитува...