„Како да има успех кога Црвена Звезда троши пари на погрешни играчи“

Контроверзниот српски фудбалски аналитичар Раде Богдановиќ, ја коментираше ситуацијата во Црвена Звезда, која го загуби дербито од Партизан, по што дојде до тренерска смена.

Богдановиќ, кој е познат по своите жестоки критики и коментари против српскиот фудбал, овој пат упати многу критики на адреса на српскиот шампион, кој со поразот од Партизан заврши на втората позиција после првата полусезона, а тимот беше елиминиран од Европа откако заврши последен во групната фаза во Лигата на шампионите.

„Колку пари фрлија и погрешни играчи купија. Некој да ги платеше да купеа погрешни, немаше да успеат. Го земаат Шериф, кој во Турција играл фудбал. И тоа пред очите на Фенербахче, Бешикташ и Галатасарај. И тие клубови во него не видоа ништо. Фенер го зема Џеко на 37 години пред него. Сакам да знам кој го предложил овој играч. Начинот на купување е чуден. Го имаат Канга, докажано дека се родил после смртта на својата мајка четири години. И потоа Црвена Звезда му дава 3,5 годишен договор!? Објаснете ми во што е штосот“, истакна Богдановиќ.

Тој кажа дека да е на местото на Владан Милојевиќ, сега не би дошол во клубот.

„Јас да сум на негово место, никогаш не би се вратил во клубот. Мислам дека ќе има многу проблеми да го направи она што го правеше во првиот мандат. А, навивачите тоа ќе го бараат, но ќе му биде тешко“, вели Богдановиќ.

Се вчитува...