Девојчиња играа тенис на покрив, се појави Роџер Федерер (ВИДЕО)

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Роџер Федерер го разубави животот на две девојки кои играа тенис на покривот на една зграда во Италија. Двете девојки Виторија (13) и Карола (11) решија да се качат на кров и да поиграат тенис, не помислувајќи дека тоа ќе биде најдобрата одлука во нивниот живот.

Во моментот додека даваа изјава од „бекстејџот“ излезе Роџер кој ги изненади младите девојки. Тие на крајот одиграа еден натпревар со Швајцарецот, случка која што сигурно вечно ќе остане врежана во сеќавањето на двете девојки.

 

Се вчитува...