Како „гром од ведро небо“ денеска веста дека Мајорка од јуни ќе остане без својот најдобар фудбалер, косовскиот репрезентативец Ведат Муриќи.
Според извори од Турција, турскиот гигант Фенербахче веќе го направил првиот и клучен чекор во обидот да го врати својот поранешен напаѓач, согласувајќи се за условите за соработка со Муриќи.
Сега на ред е Мајорка, која наводно ќе го ослободи својот напаѓач за сума од 10 милони евра.
Муриќи, кој претходно го носеше дресот на Фенербахче во сезоната 2019/20, игра во одлична форма во Шпанија и повторно е еден од најважните играчи на Мајорка оваа сезона.
Неговите добри игри не останаа незабележани, па интересот од Турција и враќањето во Истанбул изгледаат како реална опција. Муриќи игра одлична сезона во Ла Лига, каде што постигна 21 гол и е втор на листата на најдобри стрелци, зад Килијан Мбапе од Реал Мадрид.
Со 30 официјални настапи оваа сезона, од кои 29 како стартер, Муриќи останува еден од напаѓачите во најдобра форма во Европа, што го прави неговото враќање приоритет за Фенербахче.
Косовецот беше на радарот на Барселона како можна замена за Роберт Левандовски, но Каталонците очигледно ќе бараат друго решение за својот напад.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
