Како хрватските навивачи дивееја во Милано: Нацистички поздрави, тепачки, ограбен маркет (ВИДЕО)

Околку четири илјади навивачи на Динамо Загреб го проследија натпреварот помеѓу Милан и „модрите“ на „Сан Сиро“. Истиот не помина без инциденти откако во текот на вчерашниот ден навивачите на двата клуба неколку пати си ги одмерија силите во градот, а еден Хрват заврши во болница отако беше прободен пред стадионот.

Полицијата уапси најмалку 15 навивачи кои со себе имале ножеви, палки и пиротехнички средства, а на снимките кои доаѓаат од италијанскиот град може да се види како „гостите“ со нацистички поздрави ги провоцираат „домаќините“. Притоа, како што пренесуваат тамошните медиуми по натпреварот бил ограбен и супермаркет во градот.

Видеото од немилите сцени може да го видите ТУКА.

Се вчитува...