Како Јагањац го изигра Червар…

Заминувањето на Халил Јагањац од Металург е големо изненадување и за хрватската јавност, особено ако се земе во предвид дека нов клуб на младиот „бомбардер“ е Нексе. Хрватите очекуваа доколку Јагањац си замине од Скопје тоа да биде во редовите на Загреб, но клубот од Нашице го изненади актуелниот првак на оваа земја, добивајќи ја битката за оддличниот ракометар.

Интересно, Јагањац со овој трансфер втор пат во рок од само неколку месеци го изигра Лино Червар. Левиот бек во текот на летото беше голема желба на Червар за трансфер во Загреб, но самиот ракометар во последен момент се премисли и реши да остане во Металург.

Екс-тренерот на Металург остана загреан за негов ангажман, а хрватските медиуми тврдат и дека непосредно пред трансферот во Нексе семејството на Јагањац седело на маса со Червар, дискутирајќи за трансфер во таборот на „плинарите“ од главниот град.

Интересно, таткото и братот на Халил три часа преговараа со Загреб, а тој на крајот потпиша за Нексе“ – објави весникот „Вечерњи лист“.

Интересна ќе биде реакцијата на Червар, кој во следните десетина дена ќе го има Јагањац на располагање во хрватската репрезентација, за почетокот од квалификациите за ЕП 2020.

Се вчитува...