Дони ван де Бек пристигна во Манчестер Јунајтед во летото 2020 година, кога „црвените ѓаволи“ платија 40 милиони евра на Ајакс за да го доведат холандскиот ас во своите редови. Две години подоцна, Холанѓанецот е максимално маргинализиран во тимот на Јунајтед, сезонава одигра само 19 минути за својот клуб, a не му помогна ниту ланската шестмесечна позајмица во Евертон, каде исто така не се прослави.
Агентот на Ван де Бек, Гвидо Алберс, за пропаста на својот клиент ги обвини тренерите на Јунајтед и толерирањето на недисциплината на Пол Погба.
„Ван де Бек беше толку среќен што заминува во Манчестер јунајтед, но како што одминуваше времето стануваше се поразочаран. Тој не е човек што инсистира да игра секогаш, подготвен е да се бори за минутажа, он проблем беше што го имаше истото место во тимот како Пол Погба. А Погба знаеше да задоцни на тренинг камп, само да каже извинете и пак да игра на сите наредни натпревари. Додека Ван де Бек осум седмици тренираше по 10 часа на ден да им докаже дека е доволно добар, но никогаш не доби шанса за такво нешто на натпреварите“, изјави Алберс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА