Кошаркарската Федерација на Македонија денеска максимално транспарентно ја објави предлог ранг-листата за распределба на парите од ваучер системот за 2023 година.
По добиените апликации и бодувањето преку осум критериуми, објавена е листата според која на врвот апсолутно заслужено се наоѓа МЗТ Скопје. Втор најголем ваучер од кошаркарските тимови се очекува да добие ТФТ, екипа што е актуелен освојувач на Купот на Македонија, но и единствена која се пријави во квалификациите за Лигата на Шампионите за наредната сезона. Зад нив следат Пелистер и Еуро Никел, петторангиран е Феникс, а на шестата позиција се наоѓа најтрофејниот македонски кошаркарски клуб, Работнички.
Во женска конкуренција, Бадел и Баскет Кам имаат идентично бодување со по 185 бода, пред Вардар со 170 и Крива Паланка со 125 освоени бода.
Целокупната предлог ранг-листа на КФСМ за бодување пред распределбата на ваучерите можете да ја погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА