Како „октоподот“ Столе ја спаси Валенсија (видео)

Столе Димитриевски конечно се израдува на првата победа со Валенсија во новата сезона, „лилјаците“ славеа на гостувањето против Алавес, а меѓу најзаслужните беше токму македонскиот голман.

Нашиот репрезентативец беше сигурен во текот на сите 90 минути, а особено импресивна беше двојната интервенција кога за неколку секунди два пати спречи мрежата да му биде затресена.

Добрата форма на Димитриевски дефинитивно е нешто што радува во пресрет на новиот предизвик на нашиот национален тим – стартот на Лигата на нации и собирот веднаш по клупските обврски овој викенд.

Се вчитува...