Како реагираше Озил откако навивачите на Атлетико го „гаѓаа“ со леб (ФОТО)

Фудбалерот за врска на Арсенал, Месут Озил се најде во незгодна ситуација во текот на синоќешниот натпревар против Атлетико Мадрид во Лондон.

Навивачите на гостинската екипа во еден момент го гаѓаа, верувале или не, со леб. Сепак, неговиот одговор беше повеќе од добар. Озил зеде парче леб, го бакна и го остави на страна…

Арсенал и Атлетико Мадрид одиграа 1-1 во полуфиналето од ЛЕ синоќа во Лондон. Реваншот е на 3. мај во Мадрид.

Се вчитува...