Како Роналдо брани соиграч: Бензема доби жестоки свирежи, па на сцена стапи ЦР7

Реал Мадрид синоќа славеше на свој терен убедливо против Реал Сосиедад со 5-2 во мечот од 23. коло во Примера дивизијата.

„Кралскиот клуб“ е далеку од вистинста форма оваа сезона, но синоќа успеа без проблеми да запише три бода. Одличен беше Кристијано Роналдо со три гола, додека по еден постигнаа Лукас и Крос.

Во листата на стрелците можеше да се запише и Карим Бензема кој пред крајот на мечот промаши неверојатна шанса од само неколку метри. Навивачите на Реал Мадрид почнаа со жестоки свирежи кон францускиот напаѓач, но тогаш се вклучи Роналдо кој побара од трибините да аплаудираат на секој фудбалер на Реал, и да се прекине со свирежите…

Се вчитува...