Како се „кастрат“ платите: Работнички пофер од МЗТ

Кошаркарските клубови од најсилната домашна кошаркарска конкуренција ја искористија моменталната ситуација и кризата која ја создаде пандемијата со коронавирусот и прекинот на сезоната за да направат огромни намалувања на платите на играчите и тоа во најголем дел без преговри со кошаркарите, најчесто само со информација евентуално до капитенот на екипата. За ова севедочат изјавите на капитениет на сите екипи кои денеска ги лиферувцаше со соопштение Асоцијацијата на професионални кошаркари.

Клубовите кои во голем дел се финасисраат со пари од општините каде што припаѓаат, добија и ваучер од државата, а во голем дел ги искористија и можностите за земање минимални плати што беше мерка за поаош од ударот на кризата поради коронавирусот донеле одлуки за драстични намалувања. Најголем дел не ја исплатитле ниту целата плата за март, а за април и за мај има или само парицијално исплаќање или играчите воопшто не добиле плати.

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром на пример бил многу ригорозен, исплатил само половина плата за март, намалил 70 проценти во април и дури 80 проценти во мај. Работнички и Гостивар биле најкоректни според изјавите на капитениет, па дале цели плати за март, а намалиле по 50 проценти за април и за мај. Има клубови како ФМП на пример кои воопшто не дале плати за спорните месеци, Пелистер пак смислил дека трерба да исплати неверојатни 5 проценти од платите за март, а потоа во следните месеци ништо. Куманово пак воопшто не дале никаков одговор што планираат да прават со испалтата на платите.

“Управата на клубот ме информираше дека намалувањето на платите по настанатата ситуација со пандемијата ке се одвива по следниов редослед. Намалување од 50% за месец март, намалување од 70% за месец април и намалување од 80% за месец мај”, открива капитенот на МЗТ, Дамјан Стојановски.

Слични се бројките за намалување на платите и во таборот на Кожув.

“Од клубот добивме одговор дека намалувањето на платите по преќинувањето на лигата ќе изнесува: 50% намалување за март, 70% намалување за април и мај”, обелодени Бојан Трајковски, екс-капитенот на Кожув, кој во меѓувреме се пресели во редовите на Пелистер.

Во целата ситуација најкоректно се однесуваа од раководствата на Гостивар и на Работнички, кои избраа идентична формула за исплата за време на големата криза.

“Иако само нецела половина од март трениравме и игравме натпревари, управата на клубот донесе одлука да не исплати за целиот месец март. Во одлуката од клубот стои дека април и мај ќе бидат исплатени договорите со 50% намалување ”, изјави капитенот на Гостивар, Ренато Димитриевски.
“Управата на Работнички ме информираше дека одлучила исплатата за месец март да биде во целост, намалување во износ од 50% изнесува за исплата на платите за месеците април и мај”, објави Кире Николовски од КК Работнички.

Раководството на кавадаречки ЕуроНикел е подготвено за дијалог, обелоденува капитенот на овој тим, Јане Петровски.

„Последната исплата на договорите е заклучно со месец март. Управата на ЕуроНикел е расположена за разговор помеѓу здружението на Прва лига Мажи и Асоцијацијата на Кошаркари подкрепено од страна на федерацијата, и постигнување на општо прифатливо решение за останатите месеци”, вели Петровски.

Раководството на Пелистер донело одлука, да исплати само 33% од мартовската плата и нема намера да ги исплати останатите средства за април и за мај.

“Во однос на исплатата на платите по прекинатото првенство добивме само 33% од платата за март, клубот не извести дека е против предлогот даден од страна на Асoцијацијата на кошаркари и дека нема да ги исплаќа останатите средства договорени со играчите“, истакна Мико Голубовиќ.

Академија ФМП е единствениот клуб кој веќе им соопштил на кошаркарите да не очекуваат ниту денар за настапите во март, април и мај.

“Одлуката на управата на ФМП која ми беше соопштена е дека клубот нема намера да исплаќа плати на кошаркарите членови на клубот за месеците март, април и мај”, откри Даниел Нацевски.

Во случајот на МЗТ Скопје 2, кошаркарите се уште немаат професионални договори.

„Многумина од нас немаат сеуште професионални договори, односно бидејки сме најмлада екипа во првенството, примањата што ги имаме се во вид на стипендии. Клубот ни помогна со тоа што голем дел од играчите добија помош од АМС за месеците април и мај”, истакна капитенот на младите „штркови“, Дарио Митевски.

Во таборот на Вардар кошаркарите добиле по половина плата за март, а потоа управата им помогнала да добијат и средства како парична помош од АМС.

„Одлуката на клубот Вардар е дека играчите ќе бидат исплатени заклучно со 15ти март и заклучно со овој датум клубот има обврски кон играчите. Клубот не информираше дека останатите играчи односно 80% од играчите користеле помош од АМС, со што некои од нив добиле и повеќе средства од тие кои ѓи имаат во договорите за наведените месеци”, изјави Иван Ивановиќ од КК Вардар.

Неверојатна е ситуацијата во КК Куманово, каде управата нема донесено никаква одлука по ова прашање.

„Не добивме никаков конечен одговор од управата како ќе постапува по ова прашање, сеуште не знаеме колкав износ од месечните примања треба да очекуваме”, открива Марјан Јанески, екс-капитенот кој веќе потпиша со Гостивар за наредната сезона.

Проценете сами дали на овој начин се градат професионални спортисти? – порачува за крај Асоцијацијата на кошаркарски играчи.

Се вчитува...