Како се станува шампион? Врзуваш 11 поени по ред во последните минути и ги „рушиш“ Харден и Хјустон

Далас синоќа славеше против Хјустон со 107-104 во НБА лигата, во меч во кој уште еднаш неверојатен беше Словенецот Лука Дончиќ.

Триумфот на Далас немаше да биде можен без словенечкото момче кое при резултат 102-94 за гостите, во последните минути врза 11 поени и го реши мечот во корист на домашните. На крајот Дончиќ заврши со 21 поен (11 во последните пет минути), дополнети и со осум асистенции и два скока. Но, покажа дека е роден за големи нешта и дека е лидер кој со 19 години во најсилната кошаркарска лига во светот знае што треба кога е најважно.

 


Џејмс Харден инаку постигна 35 поени, плус и со осум асистенции, но тоа не беше доволно против неверојатниот млад Словенец.

Кошаркарите на Денвер го доживеаја и вториот едноподруго пораз, овој пат од Атланта со 106-98.

Атланта до победата ја водеше крилниот центар Џон Колинс со 30 поени, 12 скока и пет асистенции, а Бембри дополни со 18 поени, додека Винс Картер имаше 13 поени.

Српскиот центар Никола Јокиќ беше најдобар кај Денвер со 24 поени, 11 скока и седум асистенции.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...