Српскиот коментатор на „Аренаспорт“ доби и тоа како сериозни пофалби во Хрватска за начинот на кој го коментираше натпреварот на Динамо Загреб во извонредната победа на „модрите“ против Фенербахче на стартот од групната фаза во Лигата на Европа.
„Добар налет на Динамо, Дион Бељо се обидува, опасноста за голот на Фенербахче сè уште трае, има гужва и гол! 1-0 за Динамо, 21-ва минута од натпреварот. Несмасна реакција на играчот на Фенербахче и Динамо го казнува тоа…. Хоџа, и гол! Дион Бељо постигнува уште еден гол, знамето е спуштено, Динамо води со 2-1“ – беше коментарот при првите два гола на Динамо, а следеше и оној за третиот со завршен коментар.
„Бакрар, шанса е за Динамо. И гол! Бакрар става точка на мечот и неговиот нов гол во дресот на Динамо. На крајот, 3-1 за Загреб. Динамо ја заслужи оваа победа по паметните 95 минути на Максимир“.
Дел од навивачите на Динамо Загреб, по мечот имаа и интересни забелешки за коментирањето на српскиот коментатор кој, дури и навивачки за Хрватите, го водеше натпреварот…
„Еден од ретките коментатори кој е реалистичен…. „Ауу, овој веднаш добива отказ затоа што беше малку навивачки настроен кон Динамо“ – се дел од коментарите.
АУДИО СНИМКА ОД КОМЕНТАРИТЕ МОЖЕ ДА СЛУШНЕТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

