Како Вардар „пресуши“ во Автокоманда (видео)

Вардар можеби е „страв и трепет“ за ривалите кога игра во Лигата на шампионите, но кога и да дојдат во Автокоманда „црвено-црните“ се соочуваат со ментална блокада. Тоа беше случај и на вечерашното дерби со Металург, на кое Лино Червар постави тактика за која актуелниот првак немаше противигра.

Се обидоа и „вардарци“ со рецептот „седум на шест“, но не им одеше најдобро. Металург водеше во поголемиот дел од мечот, а како што одминуваше времето, така избраниците на Раул Гонзалес ги фаќаше нервоза, соочувајќи се со фактот дека ќе претрпат пораз на домашната сцена по пауза од неколку години.

Гонзалес на помалку од пет минути до крајот зеде тајмаут при резултат 26-23, но буквално ништо не се промени, „пулените“ на Червар делуваа сигурно во себе, знаеја како да ја задржат предноста и на крајот да ја прослават големата победа.

Погледнете ги тие последни пет минути од дербито во Автокоманда:

Се вчитува...