Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“, гости две и тоа како незаборавни имиња од македонската кошарка во изминатите 20 години, Ненад Зивчевиќ и Тони Грнчаров.
Еден од најистакнатите македонски кошаркари, Ненад Зивчевиќ, кој настапуваше и за неколку африкански клуба се потсети и на својата епизода во мароканскиот Хабаб Риф, каде умешно ги научи и газдите на клубот што значи тоа асистенција.
„Сопствениците на клубот, двајца браќа, единствено што знаеја се поени во кошарката, го гледаа семафорот и анализираа само кој има повеќе поени. Но, јас во желбата да ги анимирам нивните домашни играчи и во нападот, во нападот реализирав и бројни асистенции. Па, имаше и мечеви јас со 15 поени и 10 асистенции, а газдата тогаш само повторуваше: „Ненад, мор поинтс, мор…“.. Па, по неколку такви дофрлања еден ден до ‘гугл транслејт’ онака полека морав да му објаснам дека Ненад има 15 поени, но 10 асистенции по два поени, вкупно 35 поени за неговиот клуб. За да онака вчудоневидено ме гледа со прашалник…: „значи и асистенциите значеле нешто’…“ – раскажува Зивчевиќ.
КОМПЛЕТНАТА АНЕГДОТА НА ЗИВЧЕВИЌ ЗА МАРОКАНСКАТА КОШАРКАРКАСКА МАТЕМАТИКА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ТУКА…
============================================
ЗАСЛЕДЕТЕ ГО НАШИОТ ЈУТЈУБ КАНАЛ
============================================
КОМПЛЕТНАТА ЕПИЗОДА „ПРЕСИНГ“ ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ТУКА…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
