По речиси девет месеци без клуб, некогашниот англиски репрезентативец и екс член на Арсенал, Џек Вилшер пронајде нов клуб. Тој ќе игра во данскиот шампионат, во дресот на Архус.
Некогашното „златно момче“ на Арсенал, кому му предвидуваа блескава кариера, па дури дека ќе заигра во Реал Мадрид, Барселона, и дека без проблеми ќе ја освои Лигата на шампионите, одеднаш доживеа вртоглав пад во кариерата. После Арсенал играше за Вест Хем и Бурнмут, а сега по речиси една година пауза одново ќе се врати на фудбалот. Иако има 30 години и има уште што да каже, очигледно е дека Вилшер ги минува последните денови од својата професионална кариера со овој трансфер.
Англиските медиуми пишуваат дека ова некогаш „златно момче“ ќе игра за 5.000 фунти неделна плата во Архус, а тоа е за 20 пати помалку од она што го заработувал во Арсенал. Имено, додека бил во најдобра форма, играчот од средниот ред имал 100.000 фунти плата неделно, или околу пола милион за еден месец ако се вклучат и бонусите.
Вилшер исто така беше и на насловната страница на популарната видеоигра ФИФА 12 заедно со Вејн Руни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА