„Каков е Модриќ како човек знаат многу малку луѓе“

Хрватскиот фудбалски „геније“ Лука Модриќ продолжува да го инспирира светот, но неговото влијае најдобро можат да го почувствуваат соиграчите. Еден од нив е и Федерико Валверде, Уругавецот кој на собирот на својата репрезентација го изнафали својот соиграч.

Имено, 23-годишникот беше запрашан за пријателството со Модриќ, односно дали тој е подобар фудбалер или личност, а уругвајскиот репрезентативец даде краток, но прецизен одговор.

„Тие две работи одат една со друга. Неговите квалитети со топка можат да ги видат сите, но за тоа каков е Модриќ како човек знаат многу малку луѓе, само неговите соиграчи. Тој е фантастичен капитен, секогаш достапен за сите соиграчи, без разлика од ситуацијата. Својата амбиција и желба за победа ја пренесува и на останатите, поради него сите сме подобри“, изјави Валверде.

Се вчитува...