Неколку десетици навивачи кои, благодарение на технички проблем, успеаја да добијат билети за Светското првенство во 2026 година без да платат, сега ќе мора да ја платат целата сума.
ФИФА потврди дека се случила грешка во системот за плаќање за време на процесот на купување, што резултирало со тоа што одредени клиенти добиле потврда за успешно резервирани билети по цена од нула долари.
Според информациите објавени од „Скај њуз“, станува збор за околу 60 лица кои, по завршувањето на трансакцијата, биле известени дека обезбедиле места за натпреварите без надомест.
ФИФА ја призна грешката и изрази жалење за ситуацијата, но нагласи дека билетите нема да останат бесплатни.
Светската фудбалска федерација изјави дека спорните билети се уште се резервирани за купувачите, но дека ќе ги задржат само ако го платат соодветниот износ во предвидениот рок. На навивачите им се дадени седум дена да ја извршат уплатата, во спротивно нивните резервации ќе бидат откажани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
