Каков гаф: Судијата му поништи гол од пенал на Њукасл

Неверојатна случка можеше да се проследи на синоќешниот натпревар меѓу Њукасл и Бартон, откако судијата Кит Страуд донесе катастрофално лоша одлука да поништи гол од пенал за домашната екипа, покажувајќи тотално непознавање на правилата на фудбалската игра.

Тој досуди пенал што Ричи го претвори во гол, домашните фудбалери и навивачи ја почнаа прославата, но судијата Страуд точно оцени дека Гејл влетал прерано во шеснаесетник и го поништи погодокот. И тука почнува фарсата – правилата се јасни дека пеналот треба повторно да биде изведен, но главниот судија ги шокираше сите со одлуката да покаже „индиректен удар“ за гостите.

Мечот беше во прекин седум минути, Рафа Бенитез и фудбалерите на Њукасл се обидуваа да му укажат на тврдоглавиот судија дека одлуката му е спротивна на правилата, но тој остана на своето, па играта продолжи.

Утеха за Њукасл е што овој тим во второто полувреме успеа да постигне гол и да победи со 1-0, а веќе во текот на ноќта судиската организација преку соопштение му се извини на овој клуб, признавајќи дека Страуд донел одлука што не била согласна фудбалските правила.

Newcastle vs Burton 1-0 by Flash-Score

Се вчитува...