Каков „хорор“ потег – Мотоциклистите бараат доживотна суспензија за Фенати (ВИДЕО)

Неверојатни сцени беа забележани на вчерашната трка за Големата награда на Сан Марино… Романо Фенати се обиде да ја зграби кочницата на Италијанецот Стефано Манци доведувајќи го во опасност.

Крајно неспортски потег на Фенати кој е неверојатен за целокупната светска мотоциклистичка заедница. При брзина од 225 километри на час ја притисна кочницата на Манци. Сето тоа дополнително беше забележано од видео снимките на трката.

Откако се појавија видео снимките со срамниот потег, најдобрите светски мотоциклисти веднаш веќе денеска побара сериозна казна за Романо Фенати и негова доживотна суспензија – забрана за натпреварување во МОТО ГП шампионатот. Во меѓувреме, пак, Фенати доби отказ од неговиот тим Маринели за срамниот потег…

Се вчитува...