Каков луд натпревар: Три гола во првото продолжениe, Купс на чекор до 2. коло во ЛШ! (ВИДЕО)

Неверојатен натпревар следиме во Финска, каде македонскиот фудбалски шампион Вардар дава се од себе да ја анулира негативата од два гола од првиот натпревар одигран во Скопје пред една недела.

Со головите на Омерагиќ и Закариќ „вардарци“ успеаја целосно да се вратат во двомечот и по 90 минути игра да имаат позитива од 0-2. Во продолженијата во 100 минута Купс преку Армах намали на 1-2, резултат со кој повторно беше во 2. коло во ЛШ.

Само две минути подоцна нашиот шампион повторно се врати во егал (1-3) со погодокот на Пуело. Сепак, следуваше нов студен туш за Вардар откако по играње со рака на Закариќ домаќините добија пенал кој успешно го реализираше Пашишез во 105. минута.

KuPS 1-[3] Vardar [3-3 on agg.] – Ian Puleio 102'
byu/Meladroit10 insoccer

Се вчитува...