Каков Меси, каков Роналдо – „Гиганте Дончиќ“ ги засени сите!

Лука Дончиќ по само неколку месеци во НБА, практично веќе ја обезбеди титулата „дебитант на годината“, а многу е веројатно дека 19-годишиот Словенец е блиску и до место во култниот ол-стар тим во најсилната лигата во светот.

Огромно признание за неговата одлична дебитантска сезона во НБА младиот Словенец доби од шпнакса Марка која денеска на Дончиќ му ја посвети насловната страница. Тиражниот шпански весник најголемо внимание му посветува на фудбалот, но овој пат, во едно од празничните изданија, младиот Словенец кој минатата сезона го носеше дресот на Реал Мадрид, ги засени и Меси и Роналдо.

Лука Дончиќ денеска е главната приказна во „Марка“ со наслов: Како дете доминираше во Европа, како тинејџер ужива во НБА.

Насловната страница во престижниот шпански спортски весник тоаѓа токму по уште една извонредна партија на Лука Дончиќ во дресот на Далас. Дончиќ уште еднаш го покажа својот раскошен талент постигнувајќши 34 поени во тесниот пораз на Далас од Њу Орлеанс (112-114), што е негов нов рекорд во НБА, за два поени подобар од предното најдобро шутерско остварување што го постигна минатата недела против ЛА клиперс. До рекордот Дончиќ уште еднаш дојде со уште еден импресивен потег – со тројка преку раката на противничкиот играч.

Тоа беше ушет еден рекорд на неверојатниот Словенец кој стана најмлад играч во историјата на НБА лигата со најмалку седум тројки на еден натпревар. Пред него рекордер беше Д’Анџело Расел со 20 години и 7 дена. Дончиќ успеа да го оствари тоа со 19 години и 303 дена.

Се вчитува...