Каков нокаут – Челси загуби со гол во 95. минута.

Челси го претрпе и вториот пораз во низа во Премиер-лигата откако тимот предводен од Френк Лампард загуби на гостувањето против Вулверхемптон со 2-1.

„Сините“ имаат за што да жалат бидејќи беа подобар противник во голем дел од мечот, заслужено поведувајќи со погодокот на Жиру. Вулверхемптон почна да игра дури откако прими гол, успевајќи да израмни со прекрасниот погодок на Поденс, кој го изненади голманот Менди сместувајќи ја топката во десниот горен агол од неговиот гол.

Вулверхемптон во финишот доби и пенал за старт врз Нето, но по прегледување на снимката со ВАР беше утврдено дека домашниот играч изглумил контакт од Џејмс, по што главниот судија ја промени својата одлука. Токму Нето беше човекот на одлука во 95. минута, откако тргна во контранапад и со удар од работ на шеснаесетникот го матираше голманот на Челси.

Се вчитува...