Каков препород на „црвените ѓаволи“: Јунајтед го „згази“ и Тотенхем (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед е комплетно препороден по заминувањето на Жозе Мурињо и именувањето на Оле Гунар Солскјер за нов менаџер. И петти едноподруго натпревар по смената на Португалецот „црвените ѓаволи“ запишуваат победа во Премиер лигата, овој пат славејќи со 0-1 на гостувањето против Тотенхем во 22. коло.

По претходните убедливи победи, сега Јунајтед стигна до минимален триумф од 0-1 но повеќе од доволен за нови три бода. Стрелец на единствениот гол на мечот беше Маркус Рашфорд во 44. минута од средбата. Херој на триумфот беше сепак голманот Давид де Хеа кој бранеше фантастично и ја сочува мрежата мирна.

Новата победа го донесе Манчестер јунајтед до 41 бод, израмнувајќи се на табелата со Арсенал кој е на петтата позиција.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...