Каков пресврт во ЛШ – Целје го победи Кјелце, Вардар сам на врвот!

За неполна минута Кјелце прокоцка добиен натпревар и на крај загуби на гостувањето од Целје со 34-33. Сензационалната победа на словенечкиот тим, најмногу му оди во прилог на Вардар, кој по поразот на Кјелце , се издвојува на врвот на табелата во групата Б, сега со многу реални шанси да остане на лидерската позиција, која пак носи директен пласман во четвртфиналето на ЛШ.

Актуелниот европски шампион предводен од Талант Душебаев се до финишот беше во водство и речиси веќе ја имаше победата во свои раце. На седум минути пред крај Кјеце водеше со 29-31, но Целје не се предаваше. На пет минути до крај Словенците изедначија на 31-31. Во драматичната завршница, во игра гол за гол, Кјелце на 40 секудни имаше гол предност (32-33), но последните секунди беа фатални за полскиот тим. За неполна минута дозволија да примат два гола. Прво Маргуч изедначи на 33-33, а потоа Звижеј со звукот на сирената му донесе победа на Целје поставувајќи ги конечните 34-33.

По овој непланиран пораз, Кјелце по 11.коло останува со 14 бода на третата позиција на табелата зад Вардар кој е прв со 16 и Рајн Некар Левен на второто место со еден бод помалку. На четвртата позиција е Пик Сегед со 13, а четврти е Мешков Брест со 12 бода, во долниот дел на табелата се Целје со 7, Кристијанштад со 6 и ППД Загреб со 5 бода.

До крајот на групната фаза од ЛШ остануваат уште три кола. Вардарци имаат релативно добар распоред и по вечерашниот кикс на Кјелце, реални шанси да останата на првото место. Во последните три натпревари „црвено-црните“ ќе играат дома со Целје и со Кристијанштад, а ќе му гостуваат на Мешков Брест.

ФОТО: siol.net

Се вчитува...