Каков шок: Гидсел доби црвен картон по само осум минути на Ф4 во Келн

Голем шок ни носи стартот на првото полуфинале на фајнал-фор турнирот во ракометната Лига на шампиони кој се игра во Келн.

Во мечот во кој Фуксе Берлин е голем фаворит против француски Нант, Германците по само осум минути игра останаа без својот најдобар ракометар.

Матијас Гидсел по еден неспретен старт доби директен црвен картон и со тоа ги остави соиграчите на цедило.

Се вчитува...