Каков шок за Елмас и Аталанта – Рома со два гола во судиското продолжение до пресврт-победа (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и неговата Аталанта доживеаја вистински шок на гостувањето против Рома во 3. коло од Серија А, завршувајќи со трагичен пораз од 2-1 по пресврт буквално во последните секунди од дербито.

Елмас за првпат беше стартер сезонава во дресот на Аталанта, но настапи до 66. минута во момент кога неговиот тим имаше водство од 0-1.

Аталанта победата ја имаше во раце се до 90. минута кога домашните успеаја со два гола во судиското продолжение да дојдат до победата.

Најпрво Рома израмни со голот на Марио Хермосо.

Потоа, во 93. минута стрелаше и Суле за триумф на „волчицата“ од 2-1.

Аталанта претходно поведе со голот на Едерсон во 47. минута од натпреварот.

Елмас играше до 66. минута од средбата кога беше заменет со Залевски.

Се вчитува...