Каков удар: Ја напушта Барса и се сели во Дубаи

Барселона минатата седмица објави клупско соопштение демантирајќи ги гласините дека воопшто преговара со друг тренер бидејќи актуелниот стратег Чави Пасквал е избраниот од претседателот Лапорта и од директорот Наваро како предводник на проектот и за наредните две години.

Викендов каталонците доживеаја шок – откако беше обелоденето дека самиот Пасквал побарал да си замине од Барселона, а негова следна дестинаација ќе биде тимот на Дубаи. Договорот на Пасквал со Барса има клаузула со која тој може да си замине за соодветна отштета, сума што Дубаи ќе ја плати за да го доведе овој одличен стратег на кормилото за наредната сезона.

Она што е интересно, двете големи желби на Барса за летово, Диало и Блосомгејм од Монако, на крајот завршија во Дубаи, па каталонските медиуми веднаш почнаа со теории дека Пасквал им сооштил на двајцата кошаркари дека ќе се сели во овој клуб, со што влијаел врз нивната одлука во изборот за нов клуб.

Барселона е веќе известена за ситуацијата и каталонците ја почнаа потрагата по нов тренер, при што на врвот на листата желби се наоѓа Василис Спанулис.

Се вчитува...