Каква „бомба“ од 30 метри: Руни го одведе ДиСи јунајтед во плејофот

Вејн Руни е херојот на ДиСи јунајтед откако англискиот ветеран со прекрасен погодок го одведе својот тим во плејофот од МЛС-лигата. Екипата од Вашингтон играше важен дуел со Торонто, а човек на одлука беше токму Руни, кој постигна еврогол од слободен удар од 30 метри, за триумф од 1-0, три бода со кои ДиСи јунајтед осигура место во доигрувањето.

Успехот е уште поголем ако се знае дека во моментот на доаѓањето на Руни, овој клуб се наоѓаше на последното место во МЛС-лигата, со само три победи во првите 17 кола. Англискиот ас по трансферот постигна десет погодоци, имаше и бројни асистенции, за неверојатно „воскреснување“ на тимот од главниот град на САД и место во плејофот.

Од десетте, дефинитивно најубав погодок е овој синоќешниот против Торонто.

Се вчитува...