Каква драма: Пандев влезе, Џенова со пресврт го победи Лацио

Џенова врза четири натпревари без пораз во „Серија А“ откако тимот на нашиот Горан Пандев попладнево славеше со 2-1 над Лацио. Гостите од Рим први стигнаа во водство со голот на Бадељ во финишот од првото полувреме, а Џенова успеа да израмни дури откако Пандев влезе во игра. Македонскиот капитен го замени индиспонираниот Радовановиќ во 56. минута, а Џенова го израмани резултатот 19 минути подоцна, кога Санабрија одлично се снајде по еден корнер и го совлада гостинскиот голман.

Пандев во 91. минута доби жолт картон за обид да изнуди пенал, три минути пред Џенова да го комплетира пресвртот со прекрасниот удар на капитенот Кришито од над дваесет метри.

Удинезе по голема битка го скрши отпорот на Киево со гол во самата завршница од мечот на „Фриули“. Теодорчик промаши пенал во 81. минута, но истиот фудбалер одлично се снајде во продолжението на акцијата и ја смести топката во мрежата.

Резултати Италија:

СПАЛ – Фиорентина 1-4, Удинезе – Киево 1-0, Џенова – Лацио 2-1, Емполи – Сасуоло 3-0.

Се вчитува...