Каква легенда: Нојер постави нов рекорд во Бундес-лигата

Мануел Нојер вечерва капитенски ќе го предвводи Баерн Минхен против Штутггарт во првото коло од Бундес-лигата, дуел на кој легендарниот голман ќе стигне до неверојатен рекорд.

Имено, ова ќе биде 21. сезона во низа во кариерата на Нојер во Бундес-лигата, нешто што досега му нема успеано на ниту еден фудбалер во елитното германско фудбалско друштво.

Воедно, ова ќе биде јубилеен 600. натпревар за Нојер во дресот на Баерн, уште еден неверојатен јубилеј за голманот кој во 2011 година пристигна на „Алијанц Арена“ од редовите на Шалке.

Се вчитува...