Какви фаци: „Гаучосите“ со авионот на Ролинг Стоунс на СП во Русија

Очигледно ниту сите проблеми со повредите со кои се соочија, ниту аферата во која се најде селекторот Хорхе Сампаоли, не можат да ја нарушат атмосферата во аргентинската репрезентација која на оригинален начин слета денеска во Москва на Светското првенство.

„Гаучосите“ пристигнаа во Русија со приватниот авион на славните Ролинг Стоунс… Па, Меси, Агуеро, Ди Марија и останатите видно расположени се впуштија кон мундијалскиот предизвик како едни од најголемите фаворити за освојување на титулата.

Дибала и Игуаин не пропуштија можност и да се сликаат пред авионот во кој се најде и Енцо Перез кој доби дополнителен повик по повредата на Мануел Ланцини.

Аргентина својот прв натпревар на Мундијалот го игра на 21. јуни против Исланд.

Се вчитува...