Какво изненадување: Барди се врати во Леванте (видео)

Енис Барди ја искористи репрезентативната пауза за да замине на краток одмор во Шпанија, посетувајќи го својот поранешен клуб Леванте.

Барди ги мина најдобрите моменти во кариерата бранејќи ги боите на тимот од Валенсија, кого мораше да го напушти по испаѓањето од првата лига.

Македонскиот репрезентативец денеска се појави во тренинг-комплексот во Валенсија, а Леванте го објави видеото со наслов „Какво изненадување“.

Се вчитува...