Калаба, Колевски и Делевски нови засилувања на Борец Велес

Второлигашот Борец од Велес сериозно се засилува за новата сезона во обидот за обезбедување прволигашки статус.

Нови имиња во редовите на велешани се младинскиот репрезентативец од Вардар, напаѓачот Бојан Колевски, досегашниот дефанзивен фудбалер на Велазерими, Леонард Калаба кој во минатото има настапи и за Шкупи како и фудбалерот од средниот ред, Кристијан Делевски од Академија Пандев.

Покрај овие тројца фудбалери, со тимот тренира и Тоше Николовски од Силекс со кого се очекува потпишување договор наредниот период.

Борец Велес од денеска е на подготовки во Пехчево во хотелот „Гогов“. Во среда е закажан пријателски дуел со Кит Го, а во недела и тест дуел со Каменица Саса.

Се вчитува...