Каладзе потсети на стар сеир: Гатузо од „Флинтстоунс“…

Поранешниот фудбалер на Милан, Каха Каладзе, на Инстаграм сподели фотографија од пред 15 години, кога тој беше дел од составот на „росонерите“. Целиот тим на Милан е во карневалски костими. Сегашниот тренер Џенаро Гатузо е облечен како Фред од „Флинтстоунс“, а интересни костими имаат и Леонардо и Паоло Малдини, кои се дел од менаџерскиот тим на клубот во моментот.

„Беа тоа убави времиња“, истакна Каха Каладзе.

Се вчитува...