Каљари го „шокираше“ Интер… (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер запишаа неочекуван пораз на гостувањето против Каљари од 2-1 во првиот натпревар од 26. коло во Серија А.

Каљари приреди пријатно изненадување за своите навивачи сосема заслужено триумфирајќи против фаворитот со два погодоци уште во првото полувреме. Најпрво водство за домашните донесе Чепители во 31. минута. Мартинез во 38. минута израмни за Интер, за да Паволети во 43. минута ги постави конечните 2-1.

 

Во 92. минута Каљари имаше можност и за уште поубедлива победа, но Барела не искористи удар од белата точка.

 

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...