Тениската репрезентација на Македонија со прва победа во пресметката против Молдавија го почна првиот дуел од Третата Европска група од Дејвис купот.
Калин Ивановски го победи Иља Снитари со 2-1 во сетови, во првиот сингл меч, кој траеше 2 часа и 15 минути.
Македонскиот тенисер славеше со 4-6, 6-3 и 6-1 во три одиграни сета.
Во моментов се игра вториот меч во поединечна конкуренција меѓу Олег Приходко (Украинец кој настапува со македонски пасош) и Раду Албот. На крајот е натпреварот во двојки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
