Калин Ивановски елиминиран во првото коло на турнирот во Златибор

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, загуби на стартот на ИТФ 25 турнирот кој се игра во Златибор. Ивановски кој два месеци паузираше поради повреда на раката, е поразен од Јапонецот, Рио Табата во три сета и тоа со 6:1,4:6,10:6.

Ивановски кој последниот меч го одигра во јули, го загуби првиот сет со 6:1. Во вториот сет Табата прв направи брејк и поведе со 2:0 во гемови, но Ивановски успеа да направи пресврт и со два брејка го доби сетот со 6:4.

Во третиот сет се играше на поени, а Табата го доби сетот со 10-6. Сетот се играше на поени од причина што организаторите имаа проблеми со одигрувањето на мечевите претходните денови поради лошото време.

Ивановски следната недела ќе настапи на турнир во Пардубице, Чешка.

И вториот Дејвис куп репрезентативец на Македонија, Олег Приходко настапува на овој турнир и во првото коло без поголеми проблеми го победи Вељко Крстиќ со 2-0 во сетови (62 61). Приходко настапува и во конкуренција на двојки со Денис Клок, а утре во полуфиналето ќе играат против Алекс Генчев и Ентони Гемов од Бугарија. Приходко утре ако победи против Дражен Петровиќ од БиХ во второто коло, ќе го игра и четвртфиналниот меч.

Се вчитува...