Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски е победник на годинашното издание на тенискиот турнир „Македонија Опен 2026“ кој се одржа во Скопје.
Ивановски во финалето го совлада бугарскиот тенисер Орлов во три сета, со 6-1, 0-6 и 6-2.
Македонскиот тенисер одлично го почна мечот отворајќи во првиот сет со 6-1, противникот возврати во вториот сет.
Сепак, Ивановски одлично го одигра третиот клучен сет, во третиот гем дојде до брејк а потоа беше лесно до конечната победа и титула на турнирот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
