Калин Ивановски ќе настапи на јуниорскиот Австралија опен

Една од најголемите македонски тениски надежи, Калин Ивановски ќе биде дел од јуниорскиот турнир на Австралија опен во Мелбурн.

Ивановски ќе настапи на главниот турнир на еден од најголемите тениски собири во јуниорска конкуренција во периодот од 22. до 29. јануари 2022 година.

Минатата година Ивановски настапи и на јуниорскиот турнир на Вимблдон каде што стигна до осминафиналето. Беше дел и од УС Опен но беше елиминиран во првото квалификациско коло.

Се вчитува...