Калин Ивановски поразен на стартот од турнирот во Скопје (фотогалерија)

Калин Ивановски не успеа да ја мине првата пречка на АТП-челинџер турнирот што се игра во Скопје откако најдобриот македонски тенисер денеска претрпе пораз од Хрватот Дино Призмиќ со 0-2 во сетови. Ова беше прв настап на Ивановски на челинџер-турнир со награден фонд од 75.000 долари, во далеку посилна конкуренција во однос на онаа со која Калин се соочуваше во изминатиот период.

Призмиќ моментно се наоѓа на 295. место на АТП-листата, за повеќе од сто позиции подобар ранкинг од оној на Ивановски (415.), па хрватскиот тенисер успеа да ја оправда фаворитската улога.

Првиот сет мина во израмнета борба, Калин спаси три брејк-топки при 4-5 и 0-40, но нашиот ас потклекна во клучните моменти и на крајот сепак го загуби сетот со 4-6. Ивановски потоа имаше две шанси за брејк при 1-1 во вториот сет, не ги искористи, по што Призмиќ целосно доминираше до крајот на мечот, добивајќи со сетот со 1-6.

Се вчитува...