Македонскиот тенисер Калин Ивановски не успеа да стигне до титулата на ИТФ М25 турнирот во Загреб, откако во финалниот меч претрпе пораз од Узбекистанецот Кумојун Султанов со 2-0 во сетови (6-4, 6-4).
Во силниот и изедначен дуел кој траеше еден час и 48 минути, Султанов ги искористи клучните моменти во двата сета. Седмиот носител на турнирот направи по еден брејк во секој сет, што му беше доволно за победа. Ивановски пружи силен отпор, но не успеа да ја анулира предноста на противникот.
И покрај неуспехот во финалето, македонскиот тенисер зад себе има одлична недела во Загреб, каде со неколку убедливи победи стигна до завршната битка за трофејот. Со новите бодови од овој турнир, Ивановски го очекува значаен напредок на АТП-листата, што ќе му биде дополнителен мотив за следните предизвици.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
