Калин Ивановски се пласираше во осминафиналето на турнирот во Австрија

Македонскиот тенисер Калин Ивановски се пласираше во осминафиналето на ИТФ фјучерсот вреден 25.000 долари кој се одржува во Олерсбах, Австрија.

Ивановски во 1/16-финалната пресметка беше подобар во три сета од Русинот Александар Чајка.

Првиот сет во тај-брејк со 6-7 (9) му припадна на противникот, а потоа целосна доминација на македонскиот тенисер кој ги доби следните два сета со 6-2 и 6-4.

Во битката за четвртфинале Ивановски ќе се соочи со осмиот носител на турнирот, Словенецот Артнак.

Се вчитува...