Калин Ивановски шест месеци надвор од тениските терени!

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски поради повреда ќе биде надвор од натпреварувањата на тениските терени во следните шест месеци.

Ивановски по одличната 2023 година, воопшто го немаше на тениските терени на стартот од оваа година. По реакцијата на голем дел од македонската спортска јавност кога ќе се врати на светските АТП турнири, Ивановски денеска официјално информираше дека, за жал, ќе мора да паузира уште најмалку пет до шест месеци. Но, како што вели, е сигурен дека ќе се врати уште посилен на спортските терени…

„Бидејќи многумина ме прашувате кога ќе почнам со натпреварите оваа година, сакам да информирам дека ќе бидам надвор од тениските терени во следните пет-шест месеци… Ќе се вратам уште посилен“ – информираше Калин Ивановски преку својот Инстаграм профил.

Се вчитува...