Калин Ивановски со џиновски скок: Напредок од 44 места на најновата АТП-листа

Калин Ивановски бележи извонреден напредок на најновата АТП-листа, откако најдобриот македонски тенисер имаше добри резултати на турнирите во Србија во изминатите две седмици.

Тоа му донесе на Ивановски нови 16 АТП-бодови, со што 19-годишниот Македонец скокна за неверојатни 44 позиции во однос на својот претходен ранкинг. Или конкретно, Калин Ивановски сега се наоѓа на 415. место на најновата АТП-листа објавена денеска, во однос на оној ранкинг на 459. позиција од пред две седмици.

КАко што беше најавено, најновиот ранкинг донесе и промена на врвот, па така Карлос Алкараз од денеска е светски рекет број еден, пред Новак Ѓоковиќ, кој падна на третата позиција бидејќи беше прескокнат и од Данил Медведев, по триумфот на Русинот на АТП-турнирот во Рим.

Се вчитува...