Калиниќ донесе радост на „Максимир“, Исланд победи против Косово

Хрватска конечно заигра пред полни трибини откако ја одлежа казната дел од домашните средби да ги игра без гледачи, па „коцкестите“ вечерва на „Максимир“ им донесоа радост на своите верни фанови, триумфирајќи над Украина со 1-0. Калиниќ конечно доби шанса во стартниот тим на Хрватска и максимално се оддолжи за довербата, постигнувајќи го единствениот погодок на натпреварот за големи три бода на „коцкестите“ во трката за првото место во групата.

Nikola Kalinic Goal HD – Croatia 1-0 Ukraine 24… by Mieko-yy

Исланд рутински ја одработе задачата на гостувањето против Косово, триумфирајќи со 1-2. Сигурдсон со два гола ја осигура победата на својата селекција уште во првото полувреме, а домаќините во продолжението успеаја само да го ублажат поразот преку Нухиу.

All & Goals & Highlights – Kosovo 1-2… by LiveGoalsTV

„Островската“ пресметка меѓу Република Ирска и Велс заврши без голови, 0-0, меч што ќе остане запаметен по бруталниот старт на Тејлор врз Колмен, за кој гостинскиот фудбалер заработи црвен картон, додека десниот бек на Ирска на носилки го напушти теренот и мораше да биде заменет.

Австрија многу се мачеше, но на крајот сепак успеа да слави со 2-0 над Молдавија со головите на Арнаутовиќ и на Харниг во второто полувреме.

Се вчитува...