Калиниќ го реши хрватското вечно дерби

Хајдук славеше со 1-0 на домашен терен против Динамо Загреб во дербито на хрватскиот фудбал, како дел од заостанатиот натпревар од 9. коло во шампионатот на Хрватска.

Еден израмнет натпревар во кој и двата тима не создадоа многу шанси, го реши индивидуалниот квалитет на Никола Калиниќ кој победничкиот погодок за својот тим го постигна во 63. минута.

Аријан Адеми и Стефан Ристовски ги одиграа сите 90 минути за „модрите“, додека Јани Атанасов не беше во тимот на Хајдук на овој меч.

 

 

Се вчитува...