Српскиот кошаркар и член на Фенербахче Никола Калиниќ говореше за причината што не се најде на списокот на Александар Ѓорѓевиќ за Светското првенство во Кина. Причината се гледиштата на Калиниќ за политичката состојба во земјата, поради кои асот на Фенербахче неодамна беше остро нападнат од голем дел од јавноста во татковината.
„Како и секој млад човек кој сака да се натпреварува, искрено ме погоди тоа што не се најдов на списокот. Како некој што имаше долга сезона и веќе пет години нема слободно лето, добив два месеци неочекуван годишен одмор. За Косово во ниту еден момент не кажав дека треба да се предаде, туку дека треба да се најде решение за решавање на проблемот. Но добро знаете како е мора се сврти вниманието од поважни работи со говорење за „Калиниќ предавникот. Јас сум така воспитан, да се почитувам со соседите, да сум најблизок со нив, но за жал тоа не е случај со нашата држава“, изјави Калиниќ.
Светското првенство во Кина почнува на 31. август, а репрезентацијата на Србија се наоѓа во групата Д заедно со Италија, Ангола и Филипини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА